Дисциплина
Дојди и во деновите кога не ти се тренира. Токму таму е напредокот.
заедница за street workout и сила
Секоја промена почнува со една одлука: да престанеш да бараш причини и да почнеш да работиш. Ние ти даваме план и средина во која нема откажување. Остатокот е твоја дисциплина.
Нашите вредности
Дојди и во деновите кога не ти се тренира. Токму таму е напредокот.
Трпение, фокус и почит кон процесот. Силниот ум гради силно тело.
Вратила, кругови и сопствената тежина. Тренирај надвор, тренирај насекаде.
Спореди се со тоа што беше минатиот месец, а не со другите.
За заедницата
Disciplina Mentalitet не започна како теретана, туку како заедница луѓе со иста цел. Тренираме заедно, си поставуваме цели заедно и ја славиме секоја победа, мала или голема. Денес сме заедница во која никој не тренира сам и секој успех е заеднички.
Патот на street workout
Пет нивоа, секое со јасен тест. Помини го и оди понатаму. Тренерите го проверуваат твоето ниво еднаш месечно.
Почетник
Вис 30 сек · 10 склекови · 20 чучњеви
Почетник+
1 чист згиб · 30 сек hollow hold · 5 пропаѓања на разбој
Среден
10 згибови · 15 пропаѓања · 25 склекови
Среден+
1 чист muscle-up · 15 сек L-sit
Напреден
Front lever, стој на раце или човечко знаме
Програми
Дисциплина и организација на времето е нешто што треба да го практикуваме секојдневно, не само за побрз успех, туку и за подобрување на својот карактер и сигурен раст.
Почетник
Никогаш не си тренирал или почнуваш одново? Научи да се движиш правилно: склекови, чучњеви и стомак, со чекори по твоја мерка.
Сите нивоа
Згибови, пропаѓања, склекови и вежби за нозе во мали групи. Секоја вежба има полесна и потешка верзија.
Сите нивоа
Прес за нозе, бенч и потисок над глава – тегови чекор по чекор со тренер. Сила што ја носиш и на вратилото.
Ниво 03 и нагоре
Muscle-up, стој на раце, front lever, плус мобилноста што ти треба за нив.
Без изговори. Само повторувања.
Мото на дисциплината
Прашања
Да. Повеќето членови почнаа токму така. Во програмата Основи вежбаме згибови со ластик и бавни негативни згибови, сè додека не го направиш првиот.
Да. Закажи го преку формуларот или на рецепција. Без податоци од картичка и без обврски.
Удобна облека, патики, шише вода и пешкир. Магнезиум и ластици имаме ние.
Не ти треба искуство, ниту картичка. Само дојди, а твоето ниво ќе го најдеме заедно.
Закажи бесплатен тренингНовости
Настани
Бесплатен групен Street Workout тренинг во Куманово: недела, 18.10.2026, 13:00, Gladiator Arena. За почетници и искусни – дојди, тренирај, запознај луѓе.