Нашата приказна
Сè започна едноставно — со желба да започнеме да вежбаме и да направиме нешто повеќе за себе. На почетокот, мотивацијата беше главниот двигател. Вежбавме кога ја имавме, а кога ќе исчезнеше мотивацијата, исчезнуваше и желбата за тренинг.
Со текот на времето сфативме една важна работа: мотивацијата те тера да започнеш, но дисциплината те тера да продолжиш.
Токму преку дисциплината започнавме вистински да напредуваме. Заедно со неколку другари, почнавме да работиме посериозно, да си поставуваме цели, да се поддржуваме и да растеме — не само физички, туку и ментално.
Од тука се роди идејата за оваа заедница. Сакаме нашето искуство, знаење и принципи да ги споделиме со сите кои имаат исти или слични цели и сакаат да станат подобра верзија од себе.
Веруваме дека дисциплината е основа за секој успех. Без разлика дали станува збор за фитнес, спорт, бизнис, кариера или личен развој — резултатите доаѓаат од конзистентност, посветеност и работа.
Нашата цел е едноставна: да растеме заедно, да се поддржуваме и да покажеме дека со вистински пристап и дисциплина, секој може да постигне повеќе.