About the club

ПоВеќе од тренинг.

Заедница за street workout и сила, изграден на четири идеи: дисциплина, менталитет, заедништво и подобар јас.

Our story

Сè започна едноставно — со желба да започнеме да вежбаме и да направиме нешто повеќе за себе. На почетокот, мотивацијата беше главниот двигател. Вежбавме кога ја имавме, а кога ќе исчезнеше мотивацијата, исчезнуваше и желбата за тренинг.

Со текот на времето сфативме една важна работа: мотивацијата те тера да започнеш, но дисциплината те тера да продолжиш.

Токму преку дисциплината започнавме вистински да напредуваме. Заедно со неколку другари, почнавме да работиме посериозно, да си поставуваме цели, да се поддржуваме и да растеме — не само физички, туку и ментално.

Од тука се роди идејата за оваа заедница. Сакаме нашето искуство, знаење и принципи да ги споделиме со сите кои имаат исти или слични цели и сакаат да станат подобра верзија од себе.

Веруваме дека дисциплината е основа за секој успех. Без разлика дали станува збор за фитнес, спорт, бизнис, кариера или личен развој — резултатите доаѓаат од конзистентност, посветеност и работа.

Нашата цел е едноставна: да растеме заедно, да се поддржуваме и да покажеме дека со вистински пристап и дисциплина, секој може да постигне повеќе.

VAZNO !

Four rules we train by.

  1. Секогаш биди редовен

    Consistency beats intensity. Two sessions a week, every week, changes everything.

  2. Загреј се

    Загреј се, загревањето е неизбежно пред тренинг,после тренинг остави го местото чисто. Паркот и теретаната е на следниот после тебе.

  3. Давање поддршка

    Тука никој не тренира сам. Помагај, чувај и навивај, особено при првите повторувања.Биди мотивација за тој тренинг.

  4. Leave ego at home

    Start where you are, not where you want to be. Progressions exist for a reason.

ОСНОВАчи на

DISCIPLINA MENTALITET

ДАвор наумоски

FOUNDER Disciplina Mentalitet |

Давор Наумоски ја започна оваа страница со желба да го сподели своето искуство, знаење и став за животот, дисциплината и силата на карактерот. Со текот на времето, идејата почна да ги поврзува луѓето кои размислуваат слично и сакаат да работат на себе.

давид илиески

WEB DEVELOPER

Оваа страница е креирана од Давид Илиески, во консултација со Давор, со цел да се создаде квалитетен простор каде што сè поголем број луѓе ќе можат да учат, да читаат и да се информираат за дисциплината, фитнесот и сите теми поврзани со физичката подготовка.

DISCIPLINA MENTALITET

Оваа страница е создадена со една едноставна цел — да ја шириме заедницата, да споделуваме знаење и да се поврзуваме со луѓе кои имаат желба да напредуваат. Без разлика дали целта е фитнес, спорт, личен развој или успех во која било друга област, веруваме дека дисциплината, посветеноста и заедничката поддршка се клучот за напредок.

Заедно учиме, работиме и растеме, со исти вредности и стремеж кон успех.

Where we train

Две места, Една заедница.

Outdoor park

Тренираме и во парк на отворено некогаш,овој спорт се тренира повеќе надвор,но кога нема услови за тренинг во парк одиме во теретана.

Indoor gym

Затворена теретана и мини теретана која располага со тегови,панцири со тежина и справи со вратило и дипс.А и користиме некогаш поголеми теретани за групни тренинзи со луѓе 1-3.

Тренирај заедно со нас

Сакаш да започнеш со тренинг, но ти недостига дисциплина или вистинскиот план? Дојди и тренирај со нас. Заедно создаваме навики, поставуваме цели и работиме на реален напредок.

Book a free session